Цената на нафтата, еден од најважните енергенси, вчера падна на рекордно ниво, под нулата на светските берзи. Никогаш претходно цената не била под нулата, а негативната цена значи дека за испораката сега плаќаат на други за да ја складираат оваа некогаш скапоцена течност.
Компаниите плаќале 40 долари само некој да ја носи и да ја складира.
Во голем дел од трговската сесија цената се движеше како пред 40 години, што придонесе американските берзи да светат „црвено“.
Претседателот Трамп рече дека ова е сега идеално време за купување на нафта.
