Денес и утре посебен режим на сообраќај во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи известува дека денеска 21 и утре 22.12.2020, поради официјалната посета на турска делегација, предводена од Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Република Турција, на Република Северна Македонија, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на градот Скопје.

За таа цел, МВР апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои што ќе ги издаваат полициските службеници.