Денеска и утре пороен дожд и грмежи – УХМР апелира: Не престојувајте на отворен простор и под осамени дрвjа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денес и утре околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Во понеделник попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.