Пленарната седница во шпанскиот Сенат за ратификација на Протоколот на Северна Македонија во НАТО, ќе се одржи денеска во 16 часот, а според шпанските медиуми не се очекува да има дебата туку претседателката ќе побара веднаш да се гласа за точката на дневниот ред
Шпанскиот Сенат денеска, за првпат во својата историја, ќе одржи пленарна сесија без на неа да учествуваат избраните претставници. Освен историско значење за Шпанија, оваа пленарна сесија на Сенатот има исклучителна, и историска и стратегиска важност за нашата земја.
Иако сите активности на Сенатот на Шпанија се суспендирани поради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, Горниот дом на шпанскиот парламент прави отстапка и ќе се состане да расправа и да гласа само за една точка на дневниот ред, а тоа е ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.
Шпанија е единствената членки на Алијансата која сè уште не го формализирала актот со кој на Северна Македонија ѝ се овозможува и официјално зачленување во НАТО.
