Денеска пресуда за родителите на малолетниот убиец од „Рибникар“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вишиот суд во Белград денеска треба да им ја соопшти пресудата на Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на малолетниот убиец од ОУ „Владислав Рибникар“, кој на 3 мај 2023 година со истрели од пиштолот на таткото уби 10 лица додека повредил уште неколкумина.

На Кечмановиќ им се заканува повеќегодишна затворска казна, а и покрај тоа што судењето досега беше затворено за јавноста, пресудата ќе биде јавно објавена.

Изрекувањето на пресудата за Владимир и Миљана Кецмановиќ е закажано за 13 часот во Палатата на правдата. Станува збор за првостепена пресуда против која ќе може да се поднесе жалба во законскиот рок.

Владимир Кечмановиќ е обвинет дека неправилно држел оружје во легално поседување во својот стан, поради што нивниот син К.К. успеал да дојде до него, да го однесе на училиште и да изврши невидено злосторство со убиство на девет ученици и еден работник од училишното обезбедување. Тој се товари дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност, а Миљана за недозволено поседување оружје и експлозивни направи бидејќи на една од чаурите при полициската истрага во училиштето и била пронајдена биолошка трага.

На 3 мај 2023 година, малолетникот убиец ги уби Б.А. (11), А.Б. (11), К.М. (12), М.А. (13), Е.К. (13), С.Н. (13), А.Ч. (14). А.Д. (14), А.А. (14) и Д.В. (53), а ранети се шест лица.