Денеска презентација на противпожарната скала, неколку улици во Скопје ќе бидат затворени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ве известуваме дека на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје на 16.06.2021 (среда) со почеток од 19:00-21:00 часот Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје заедно со единици од Министерството за внатрешни работи ќе извршат презентација на противпожарна скала на ул.“11 Октомври“.

За таа цел затворени за сообраќај почнувајќи  18:00 часот до завршување на настанот ќе биде ул.11 Октомври на потег од бул.“Кочо Рацин“ до ул.“Крушевска Република“.

СВР Скопје апелира до Граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Вчера во центарот на Скопје беше извршена вежба со новата противпожарна скала, за која се создаде паника кај луѓето, не знаејќи што се случува.