Денеска првата молитва во Аја Софија откако стана џамија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска ќе биде одржана првата муслиманска молитва во „Аја Софија“, откако, по 86 години од музеј повторно е преиначена во џамија.

Претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ја донесе одлуката, најавено е да присуствува на молитвата. Рече дека очекува на молитвата да присуствуваат меѓу 1.000 и 1.500 верници.

Министерот за верски работи во Турција, Али Ербас, назначи тројца имами кои ќе ги водат молитвите во возобновената џамија.

Во пресрет на првата молитва, подот е покриен со тепих одбран од Ердоган, а мозаиците што претставуваат христијански симболи ќе бидат покриени со завеси за време на молитвата.

Надвор од „Аја Софија“ властите ги одбележаа местата каде на молитвата ќе бидат мажите, а каде жените, а како што е најавено, настанот ќе биде обезбедуван од 17.000 службени лица.

Во пресрет на денешната молитва, неколку патишта до објектот се блокирани.