Денот на Бошњаците одбележан во Скопје – Џаферовиќ: „Отворен Балкан“ непотребен

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со поставување свежо цвеќе на спомен-обележјето посветен на жртвите цивили од геноцидот во Сребреница, беше одбележан Меѓународниот ден на Бошњаците со присуство на членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ. На прашањето зошто неговата земја не е дел од „Отворен Балкан“, Џаферовиќ одговори дека ваква иницијатива е непотребна, бидејќи иста таква веќе е потпишана во Софија во рамките на Берлинскиот процес.

-Сето она за што се зборува во содржината за „Отворен Балкан“, но и пошироко, е прифатено во Софија од шест држави на Западен Балкан на 10.11.2020 година. Сега одиме кон имплементација на тоа, не знам зошто некој би имал против? Оние кои имаат нешто против, не доведуваат до сомнеж кога се во прашање овие нови иницијативи. писот да се изјаснат онака како што се чувствуваат-вели Џаферовиќ.

Џаферовиќ ги охрабри припадниците на бошњачката заедница да се попишат.

-Да бидат она што се и да се декларираат онака како се чувствуваат, дека се Бошњаци, со полно срце, граѓани на Северна Македонија, во етничка смисла дека се Бошњаци, дека нивниот мајчин јазик босански.-изјави Џаферовиќ.

Според статистичките податоци од Пописот во 2002 година, во Македонија биле попишани 17.018 Бошњаци, или 0.84% од вкупното население. Инаку, по повод одбележувањето на Денот на Бошњаците беа организирани низа активности, меѓу кои и одржување свечена академија на која учествуваа професори и интелектуалци од целиот регион. Овој датум во календарот на Обединетите нации се смета за Меѓународен ден на Бошњаците. Бошњаците во Македонија имаат повеќевековен континуитет и се носители на просперитет во различни области на општествениот живот и развојот на државата воопшто.