Денот на Европа се слави во името на медицинскиот персонал, Жбогар најави вакцина против Ковид-19 достапна за сите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со една минута молк за починатите лица од корона вирусот. Вака започна денешниот настан за одбележување на денот на Европа.

Знамињата на земјата и на Европската Унија ги спуштија на половина копје а потоа се интонираа и химните .

На едната страна беа наредени политичарите, а пак на другата лицата кои секојдневно се борат во првите редови со пациенти заболени од корона вирус.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар им се заблагодари на лицата кои се во првите борбени редови во борба против пандемијата и Денот на Европа го посвети на нив. Тој најави дека ЕУ собира средства за развивање на вакцина за Ковид-19 која ќе биде достапна за секого во светот по пристапна цена.

„Тие се вистински херои на времето, тие не научија лекции на солидарност, човечност, пожртвуваност. Тие своето здравје го ставија во ризик за да го спасат нашето и на општеството. Сакам да ви се заблагодарам и да го посветам денот на Европа на вас“, рече Жбогар.

Премиерот Оливер Спасовски изјави дека во последните три години земјата излезе од длабока политичка криза и ги врати демократските инситутиции и владеењето на правото. Тој најави дека наскоро ќе се закаже првата меѓувладина конференција која ќе го означи практичниот дел од преговарачкиот процес согласно новата методологија.