Десет месеци затвор доби службеничка која призна примање поткуп при посредување за доделување пари од ИПАРД програмата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јасмина Костадинов, вработена во министерство за земјоделство е осудена на 10 месеци затвор поради тоа што призна вина за примање мито при посредување за доделување на средства од ИПАРД програмата.

Во казната ќе и бидат пресметани и месеците минати во домашен притвор од 5. ноември 2025 година. Исто така ќе и бидат конфискувани и 8000 евра, кои и биле запленети при претрес.

Во предметот се опфатени и други лица, меѓу кои поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка, како и уште еден поранешен министер.