Децата го живнаа плоштадот во Тетово – 1 јуни се одбележува со фестивалска програма

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Плоштадот во Тетово денес беше исполнет со живост, бои и детски насмевки. По повод 1 Јуни, Меѓународниот ден на детето, децата од градските градинки организираа културна манифестација. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, кој истакна дека децата се иднината на општеството, па затоа создавањето подобри услови за нив останува приоритет.

„Денес овде на плоштадот во Тетово, овие деца го разубавија овој простор со програмата што ја организираа. Секако, она што најмногу вреди – јавниот и политичкиот ангажман – е за овие деца. Да им создадеме подобри услови во средината каде што поминуваат голем дел од денот, но и преку инвестиции во инфраструктура, во училиштата, како и во спортски и културни простори, ние создаваме услови и инвестиции за нивната иднина. Затоа бараме и од вработените во градинките во Тетово да работат со овие деца, да ги подготвуваат за иднината и животот, бидејќи тоа е најдобрата инвестиција што можеме да ја направиме.“, порача Биљал Касами

Од друга страна, директорката на градинката „Ринија“ (Младост), Фатлинда Јахја, нагласи дека работата за благосостојбата на децата е континуиран процес кој бара тесна соработка меѓу институциите и семејството.

„Целта на манифестацијата е одбележување на Меѓународниот ден на детето, 1 Јуни. На овој ден децата заедно со групите на воспитувачи и негуватели, разговараат и за нивните права, за во иднина да имаат насока како ќе растат, што ќе бараат и како ќе ја планираат иднината. За благосостојбата на децата никогаш не е доволно. Секој ден треба да се работи, не само во една институција, туку генерално. Педагошкиот триаголник е: градинка, воспитувач и родител.“, вели Фатлинда Јахја.

Овој проект е поддржан од Академијата „Литера“. Инаку, 1 Јуни почнал да се одбележува официјално во повоениот период, поточно по 1950 година, кога е прогласен за Меѓународен ден за заштита на децата. И во рамките на поранешна Југославија, овој ден традиционално се одбележувал со слични активности во училиштата и градинките, секогаш ставајќи ги во центарот правата и среќата на најмалите.