Детски уметнички дела за изненадување на Филипче, порака за благодарност кон здравствните работници

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека утрово од страна на учениците во ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“, добил нивни уметнички дела, како порака за поддршка на здравствените работници во текот на пандемијата, а со желба од сепрември да се вратат во училишните клупи.

„Прекрасно изненадување имав утрово! 🙌 Деца од ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ ми донесоа нивни уметнички дела како благодарност за битката која здравствените работници ја водат со пандемијата. Тие сакаат да знаат дали од септември ќе се вратат во училишните клупи и моја најголема желба е тоа да се случи. Им ветив дека ќе работиме напорно за да ја надминеме пандемијата и да им ја оствариме желбата, но и дека наша должност е да се грижиме за нивното здравје. Им посакувам убав и безгрижен распуст!“, напиша Филипче.