Девет години и четири месеци затвор за убиецот на Мартин Јанушев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Филип Секуловски, убиецот на Мартин Јанушев доби казна од 9 години и 4 месеци затвор. Пресудата беше изречена денеска во кривичниот суд, откако тој го признал делото уште на стартот од судењето.

После признавањаето, судот не се впуштил во доказна постапка.

Убиството на Јанушев се случи на 3. ноември 2017 година во населбата Аеродром пред зградата во која живееше Мартин.

Секуловски беше во бегство речиси две години, а потоа самиот се пријави и сега се наоѓа во притвор.

Инаку Секуловски го сторил убиството додека бил на викенд од одслужување на друга затворска казна.

Причините за убиството и натаму се непознати.