Девет месеци само „кавги“ за платите на наставниците, и денеска пропадна обидот за разгледување на предлог-законот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И денеска опозицијата го оневозможи разгледувањето на предлог-Законот за наставниците во собраниската Комисија за образование. ВМРО-ДПМНЕ смета дека преку овој закон нема покачување на платите на наставниците, туку партизација на образованието!

Од СДСМ однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го нарекоа срамно и на штета на наставниците.

Албанската опозициска партија Алијанса за Албанците вели дека СДСМ и ДУИ го одбиле нивниот амандман за зголемување на платите во секторот образование, а сега леат крокодилски солзи.

-Сѐ пооптоварениот џеб на граѓанинот со постојано зголемените трошоци, не чека вакви ситуации за вие да размислите, да се усогласите, за на крај да дојдете до заклучок кој денеска директно и отворено го бара Алијанса за Албанците“.

Оваа седница на комисијата почна уште во мај 2021 година, а течеше само со забелешки и барања за процедурално. На дневен ред се предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, како и предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието.