Девизните резерви на Македонија изнесуваат 4,86 милијарди евра во февруари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Девизните резерви на Македонија во февруари изнесуваат 4,86 милијарди евра, покажуваат податоците на Народната банка.

Најголемиот дел, или 76,2%, се вложени во хартии од вредност, а монетарното злато сочинува 12,5% од вкупните девизни резерви.

Валутите и депозитите, пак сочинуваат 11,3% од резервите.