Девојка со нож нападнала трoјца мажи во Бугарија, едниот во тешка состојба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дваесет и двегодишна девојка денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.

Девојката наводно е уапсена во меѓувреме. Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во Саут Парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“, додавајќи дека насекаде имало многу крв. Еден од нападнатите, 21-годишен, бил прободен со нож во слезината и веќе бил опериран. Според порталот BNT News тој е во тешка состојба.

Друг маж, на возраст од 51 година, бил прободен со нож во градите и бил примен во болница за лекување на раните. Неговиот живот не е во опасност. „Новина“ пренесува дека на дотичната девојка претходно и било констатирано тешко психијатриско заболување, дека била на лекување, дека пред неколку месеци била отпуштена, а за неа се грижи нејзината мајка.