Девојките што вчера беа повредени во сообраќајка се ракометарки на ЖРК Вардар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Порталот Ракомет24 јави дека двете девојки се ракометарки на првиот тим на ЖРК Вардар, кои со возило на брза помош биле пренесени в болница. Тие се хоспитализирани без посериозни физички повреди и се очекува во текот на денов да бидат пуштени на домашно лекување.

Две девојки се повредени синоќа во скопската населба Ѓорче Петров, откако во нив удрил џип додека тие чекале на автобуска постројка.

Според очевидци на настанот, џипот кој се движел од правец на Ѓорче Петров кон Центар сакајќи да избегне возило марка „југо“ што му го пресекло патот и влегло во неговата лентата, изгубил контрола и удрил директно во девојките.

Возачите на возилата не се повредени.