Џафери: Доколку има волја, зошто да не? Ковачевски вели дека има основа за отворање на Уставот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Димитар Ковачевски, вели дека има основа за отворање на Уставот за бришење на
дефиницијата 20%, тема која се актуализираше по објавувањето на резултатите од пописот на
население. Ковачевски смета дека најпрвин треба да се отвори дебата меѓу политичките партии.

Доколку има волја, зошто да не, порачува претседателот на Собранието, Талат Џафери.

-Во однос на процедурите за отворање на Уставот, се знае какви се и со какво мнозинство. Така
што доколку има волја, зошто да не?!, рече Џафери.
Албанските политички партии на став дека терминот 20% треба да се отстрани од Уставот.

-Мислам дека претставниците на Албанците и Македонците треба да се придвижат еден чекор напред кон договор за заедничка држава и овој потценувачки математички и некоректен број кој фигурира во нормативните актив на Македонија, оние фамозни 20% во Уставот да се заменат со терминот – албански народ, вели Претседтелот на ДПА Мендух Тачи.


-Движењето Беса со СДСМ имаше договор за етичка графа во личните карти. Дали се направи
тоа? Немаше потреба со 2/3 со просто мнозинство, 61 пратеник, дали се направи? Македонците
„полудеа“. Зошто? Токму затоа што процентот на Албанците ја диктира политиката, вели Ваљон Бела од БЕСА.

Пред неколку дена, уставни измени побара и првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Инаку, во Уставот, во законите кои ги тангираат Албанците не се спомнува зборот „албански
народ“, туку „20% од населението“.