Екс претседателот на Собранието и екс технички премиер Талат Џафери денеска ја демантира изјавата на директорот на служба за општи и заеднички работи Ивица Томовски дадена утрово во „Дејли Клик“ дека постоеле злоупотреби на владиниот авион од минатата влада.
Томовски откри дека едната злоупотреба се однесува кога тогашниот министер Бојан Маричиќ барал со него да лета од Скопје до Ниш, а вториот кога Талат Џафери го барал авионот додека е на сервис, и било побарано веднаш да биде вратен во Скопје, за да не се распаднела коалицијата СДСМ – ДУИ.
Според Џафери, ова се небулозни обвинувања создадени за дневно-политички цели.
Тој во изјава за ТВ21 објасни што се случувало тогаш.
„Обвинението е небулозно, за дневно-политички цели. На 25 октомври службите информираат дека не се во можност да го направат соодветниот лет со барањето што го направивме. Врз основа на тие информации, службите на конвенцијата се обврзуваат да бараат комерцијален лет за дадениот датум. На 25.10.2019 година службите го прават истражувањето и барањето да се патува со комерцијални патувања, анализирајќи ги цените на неисплатливите летови, дополнителната одлука е да се патува со службени автомобили, во меѓувреме службите информираат дека авионот се вратил и дека летот може да се изврши на 03.11.2019 година, врз основа на тоа, презедов мерки официјално да ги известам МНР, МВР, Амбасадата на МНР во Белград, дека патувањето со службени автомобили нема да биде извршено поради тоа што во меѓувреме е поднесено барање до институциите надлежни органи на Р.Србија за обезбедување придружба при транзит на територијата на Србија и врз основа на тоа е одлучено дека на 3 ноември ќе се патува со службен авион“, објаснува Џафери за ТВ21.
Како што додава, не ни требало да знае каде е авионот, ниту пак инсистирал по секоја цена авионот да биде достапен.
„Најголемата небулоза е тоа што увидуваат дека на мое барање, од наводни коалициски причини, инсистирано е по секоја цена авионот да се врати и да се користи. Кој е човекот што ќе се стави себеси на прво место во опасност, знаејќи дека авионот не е во употреба, и сите други. Кој пилот би решил да изврши таква наредба, ако знаел дека авионот не е подготвен за лет“, изјави Џафери за ТВ21.
