Џафери: Јас сум против одложување на пописот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 го искажа своето мислење за одложувањето на пописот.

Тој истакна дека е против одложување на истиот, и смета дека истиот треба да се спроведе според првично предвидениот рок.

„Јас сум против одложување на пописот. Ние сме имале избори сред пантемиија. Пописот е индивидуален акт, попишувачот оди кај семејството и согласно протоколите прави регистрација, однсоно попис.

Ова е мое мислење и сметам дека нема потреба да се одложи. Сепак, ќе има процедура за ова и ќе видиме како ќе помине. Повикувам на почитување на Закон и на Устав, не е важно дали јас сакам или не“. рече Џафери.

Тој додаде дека кога можевме избори да имаме во пандемија, може и пописот да биде спроведен.