Првиот човек во Собранието Талат Џафери во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека не е императив избегнувањето на трошоци.
„Не е императивот тоа, затоа што тоа не е време. Во секој случај ние организациски настојувавме работата на Собранието и на пленарните седници на Комисиите да биде што поефикасно и поекономично“, посочи Џафери.
