Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека во својство на претседател тој побарал од Државната изборна комисија да даде мислење колку дена треба да се подготват за изборите и кога треба да биде распуштено собранието.
„Во врска со распуштањето на Собранието, ДИК треба 55 дена да се организираат избори. Математиката вели дека тоа ќе биде 16 февруари. Денеска доставив нова предлог одлука за распуштање на Парламентот“, рече Џафери.
Првично беше најавено дека Собранието ќе биде распуштено оваа среда на 12 април.
