Џенсен Еклс: Џесика Алба беше ужасна колешка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Американскиот глумец Џенсен Еклс смета дека Џесика Алба „му го отежнувала животот“ додека работеле заедно пред околу 20 години.

Алба глумеше во „Мрачниот ангел“ (Dark Angel) од 2000 до 2003 година и тоа ѝ донесе светска слава. Прашан за снимањето на „Мрачниот ангел“, во интернет-емисијата на Мајкл Розенбаум, ТВ-ѕвездата и од подоцнежната хит-серија „Натприродно“ (Supernatural), вели дека неговата тогаш 20-годишна колешка „била ужасна“, и оти „тоа отворено ѝ го кажал в лице“.

– Ја сакам Џес, што, знам, некако му противречи на ова што штотуку го кажав… Таа беше под огромен притисок во таа серија. Беше млада и беше во врска со (колегата од серијата, Мајкл Ведерли, б.п.) – тоа ѝ беше тешко и таа предизвикуваше непотребен стрес, мислам – на снимањето, вели Еклс.

Тој го опиша својот однос со Алба како „најлошиот вид караница меѓу еден брат и една сестра“, и сѐ тоа зашто таа го гледала како непотребното „убаво момче“ во серијата. Решил да ѝ врати „мило за драго“, па смета дека овој негов пристап, сепак „изградил одредена заемна почит“ меѓу нив и дека дури и се дружеле „на платонски начин“.

Џесика Алба не одговори на овие студено-топли коментари и сеќавања.