Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон од недела вечер е во болница, а од понеделник е префрлен на интензивна нега каде што добива терапија со кислород, но не е на респиратор.
Сепак, неговата ситуација се подобрува, велат од неговата служба за односи со јавноста.
„Премиерот останува на интензивна нега каде што ситуацијата му се подобрува“, рече канцеларот Риши Сунак додавајќи дека Џонсон е добро расположен.
