Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска на својот профил на „Фејсбук“ објави дека новиот тест на Ковид-19 кој го направил во текот на вчерашниот ден, е со негативен резултат.
„Сакам да ве информирам и Вас и јавноста дека вчера заедно со сопругата почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направивме тестирање на Ковид 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно и тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од моето семејство.
– Сите тестови се НЕГАТИВНИ
Денеска од епидемиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарав да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под ИТНО да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и членовите на моето семејство и сите мои контакти посочени во епидемиолошка анкета.“, напиша Димитриевски.
