Димитриевски во „Клик Плус“ – „ЕУ не ни го негира јазикот, ни го негира земја членка“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„ЕУ не ни го негира нашиот јазик, туку ни го негира земја-членка“, изјави синоќа во емисијата „Клик Плус“ градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Тој додава дека со францускиот предлог се загрозува и македонскиот јазик, и идентитетот. Смета дека Договорот со Грција не е испочитуван од двете страни и изразува уверување дека истото ќе се случи и со Бугарија.

Димитриевски вели дека кога би имало референдум, тој прв би излегол на гласање за поништување на договорот.

Првиот човек на Куманово на став дека во времето кога бил потпишан договорот со Грција, во него требало да се вметне и Бугарија и со тоа двете прашања да се решат во заеднички пакет.