Димитров: Во иднина нема да ме изненади Бугарија да ги оспорува резултатите од пописот, такви се сигналите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров вечерва во дебатниот магазин „ClickPlus“ на ТВ21 посочи дека во иднина нема да го изненади доколку Бугарија ги оспори резултатите од пописот.

Според него, такви биле сигналите.

„Од искуството последниве две, три години, за разлика од искуството што го имаме со Грција, каде што знаевме секогаш кој се основните проблеми и барања од другата страна. Бугарија е еден вид подвижен таргет, некогаш Стразбур е важен, некогаш македонскиот јазик, некогаш историјата… Од Брдо самитот наваму уставен амандман за воведување на бугарската заедница во преамбулата. Во иднина нема да ме изненади да биде големо прашање и резултатите од пописот“, вели Димитров.