Димовски: Ако ВМРО има над 55 пратеници, ДУИ нема да биде клучен фактор за формирање на Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот пратеник Илија Димовски вечерва во дебатниот магазин „Click plus“ на ТВ21 посочи дека ДУИ треба најмногу да инсистира за брзи избори

Според Димовски, ДУИ ја има таа комоција уште во одредено ограничено време од аспект на тоа дека разликата во анкетите кои што ги гледаме во јавноста, помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сериозно се раздвојува.

„Веќе добива размер на бројки кои достигнуваат 70-80-90 илјади гласа разлика. Мислам дека ДУИ е малце и во цајтнот заради тоа што може да се случи на следни парламентарни избори разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да биде толкава за да биде доволна ДУИ сам како политичка партија да не биде клучен фактор. И тука јас ја гледам логиката дека и ДУИ не е во толку комотна позиција колку што сакаме ние да ја перцепираме“, вели Димовски.