Кризата со нафта и со енергенси предизвикани од конфликтот во Иран, се главна тема во вечерашното издание на Бизнис 21 на ТВ21.
Дејан Димовски од „Инженери на Македонија“ вели дека кризата е настаната поради тоа што САД се чувствуваат загрозени од Кина, и дека целата војна е да се спречи патот на нафтата кон Кина.
„Не би се обидел директно да прогнозирам што ќе се случи. Потенцијално е јасно дека САД и Израел го нападнаа Иран, и целта не е Иран, и спречување на нуклеарно оружје, туку патот на нафтата кон Кина, затоа што Кина покажува брз технолошки развој се чувствуваат прилично загрозено САД во развојот на техниката и технологијата, особено на автоматизираните системи на уиправување. САД имаат претседател кој носи одлуки за целиот примерен свет не се реални. Апсолутно се согласувам со тезата дека неговите спинувања на социјални мрежи влијаат на берзите на нафта и на целокупниот пазар.
Што се однесува до Европа, ќе има последици поради нивната политика помеѓу реалноста за пристап на енергенсите, и лојалноста кон САД, и мислам дека не може едното со друго да оди, затоа што дел од енергенсите Европа ги добива од онаму каде што денеска е кризата. „Пинг понг“ политиката на Европа на лојалност кон САД и да стигнат до енергенси, ги доведува до тешка политичка ситуација“, рече Димовски.
