Директорка бара правда преку институциите, тврди дека е политички разрешена, градоначалникот негира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е Анета Петрушевска, поранешна директорка на градинката „Детска радост“ во Гази Баба. Беше разрешена од Управниот одбор, кој се повикал на Законот за заштита на деца. Но, Петрушевска не се согласува со ова. Вели дека станува збор за политичка одлука, бидејќи, како што објаснува, барањето било доставено до градоначалникот на општината без да ја слушнат и нејзината страна и без да ѝ го испратат извештајот.

Петрушевска уверува дека и ревизијата била извршена без нејзино знаење:

Како што додава, со оваа ревизија бил прекршен и кодексот, бидејќи, како при претставувањето на претходниот извештај не ѝ била дадена можност да се произнесе. Петрушевска објаснува дека била одржана и средба со претставници на министерството поради обвинувањата на нејзина адреса дека надминала сума од 120 илјади евра.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски вели дека предлогот за разрешување на директорката е согласно одредбите од Законот за заштита на деца.

-По разгледувањето на предлогот на 17.02.2022 година, врз основа на член 125 став 5 од Законот за заштита на децата кој ме обврзува за постапување, донесов одлука за разрешување на директорката. Целокупната постапка и мојата донесена одлука е во согласност со одредбите од Законот за заштита на децата член 124 и член 125 став 4 и став 5.-вели Стефковски.

Инаку, Петрушевска вели дека досега испратила неколку поплаки до Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии и додава дека очекува надлежните да постапат во врска со нејзиниот случај.