Директорот на СЗО го нарече вирусот „непријател на човештвото“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус, го нарече новиот коронавирус „непријател на човештвото“, откако повеќе од 8.000 луѓе починаа во светот од неговата појава во декември.

– Коронавирусот е невидена закана. Но, тоа е исто така невидена можност за нас да се обединиме против заедничкиот непријател, непријателот на човештвото, рече Тедрос Аданом Гебрејесус за време на виртуелна прес-конференција.

– СЗО има информации за повеќе од 200.000 случаи и повеќе од 8.000 луѓе ги загубија своите животи, вклучувајќи едно дете, рече тој, истакнувајќи дека повеќе од 80 проценти од случаите се пријавени во Европа и Западен Пацифик.

Шефот на СЗО повторно побара од целата меѓународна заедница да се мобилизира и предупреди дека „Африка, неговиот континент мора да се разбуди“.

Светските санитарни власти ја повикаа Африка да се „разбуди“ пред заканата од новиот коронавирус и истакнаа дека континентот мора да се подготви за „најлошото“.

– Најдобар совет за Африка е уште денеска да се подготви за најлошото, рече тој.

СЗО ја прогласи за епидемијата на Ковид-19 за – пандемија на 11 март, поради што многу земји преземаат итни мерки.

Тедрос објасни дека СЗО секогаш препорачува откривање на сомнителни случаи и нивна изолација и истакна дека мерките за социјално дистанцирање не биле доволни.