Упасениот директор во Секторот за трговија со природен плин во хрватската рафинерија Ина, Дамир Шкугор, дел од парите ги донирал во црква. Шкугор и неговото семејство во црквата во Дубрава кај Шибеник на мисите имале резервиран клупа во првиот ред, а го финансирале обновувањето на црквата и на црковниот двор, објавија хрватските медиуми. Се наведува и дека семејството Шкугор било задолжено за собирање добротворен прилог.
За потсетување, хрватските обвинители се сомневаат дека Дамир Шкугор, член на ХДЗ, овозможил компанијата ОМС да купи плин по исклучително ниски цени и да го продава по повисоки цени.
Штета за рафинеријата Ина од оваа кражба наводно ја надминува сумата од милијарда куни или околу 133 милиони евра, противзаконската заработивачка на Дамир Шкугор и на неговиот татко е околу 66 милиони евра, неговиот деловен партнер Горан Хусиќ профитирал со околу 12 милиони евра, а претседателот на Хрватската адвокатска комора Јосип Шурјак добил окоу девет милиони евра.
На сметката на нивната компанија ОМС останале уште над 26.5 милиони евра противзаконски оставрена добивка.
„Токму Дамир Шкугор имаше свое место во нашата црка и никој не смееше да седне на тоа место во првиот ред. Донираше 100.000 куни (13 илјади евра) за црквата во Дубрава и со тоа најверојатно купувал мир и кај црквата и кај Бога. Мајка му се однесуваше како црквата да е нивна , а низ селото се раскажува дека токму поради неа биле сменети свештениците кои не и одговарале“ – изјави еден жител на Дубрава за SibenikIN.
