Дивата депонија ги труе жителите на Студеничани – тврдат отпадот се носи од град, градоначалникот ветува мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Овде веќе 10 години се фрла отпад

И потоа гори?

„Некој поминува и ги пали и не труе сите, токсините доаѓаат до нашите домови“.

Кофи од градежен материјал, пластични кеси, гуми од автомобили се фрлени во оваа дива депнија во Студеничани.

„Ова депонија се наоѓа веднаш над село Студеничани. Жителите кои живеат во близина се жалат на лоша миризба и велат дека отпадот некој го носи од Град Скопје и ги фрла тука, бидејќи Комунална хигиена постојано го собира отпадот во селото“, вели репортерката на ТВ21.

Абдула Ајдари, кој што живее во близина, се жали дека кога гори депонијата, чадот влегува во домовите.

„Каде работат приватно, камионите ги истовараат тука, овде не плаќаат и го фрлаат отпадот и одат. Некои носат отпад и во текот на ноќта. Апелиравме неколку пати до општината да преземе мерки но многу малку е направено. Имаат еден работник, еден инспектор кој зема плата пиејќи кафе, а бара од нас да бидеме шпиуни на тој работник, тој да земе плата а јас да снимам кој излегува тука и да му пренесам“, вели Абдула Ајдари.

Градоначалникот на Студеничани, Азем Садику, уверува дека ќе се преземат мерки кон тие кои фрлаат отпад откако вработиле дежурни лица.

„Во општина имаме вработено дежурни лица и кои се грижат неодговорните граѓани да не фрлаат отпад во јавни површини. Ќе преземеме мерки и против лицата кои фрлиле отпад. Лично ќе излезаам на лице место да ја видам состојбата и ќе се ангажирам отпадот да се исчисти“, вели Азем Садику.

Студеничани се наоѓа 12 километри од Скопје. Има околу 2 120 куќи и околу 22 илјади жители.