ОВЕН
Работа: Во односот со колегите недостасува сложување. Свесни правите некои отстапки затоа што немате сила за бесмислена конфронтација.
Љубов: Емотивно сте неисполнети. Партнерот не е заинтересиран за брак.
Здравје: Наклонети сте кон нервоза.
БИК
Работа: Во недостаток на нови соработници, пробувате да ја обновите соработката со старите. Другата страна не е заинтересирана.
Љубов: Предизвикувате конфликт со партнерот, и тој се дистанцира.
Здравје: Бешиката е чувствителна.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Задоволни сте како работата се развива и соработката со соработниците. Проблемот се финансиите. Ограничени се, и загрижени сте.
Љубов: Не сте расположени за дружење и за нови познанства.
Здравје: Бубрезите се чувствителни.
РАК
Работа: Се грижите затоа што обемот на работа е помал од обично. Ве очекува финансиска добивка која го поправа расположението.
Љубов: Не ви годи самотијата и се плашите да не останете сами.
Здравје: Внимавајте со храната.
ЛАВ
Работа: Амбициозни сте. Ги решавате проблемите кои колегите не успеале да ги решат, и горди сте самите на себе.
Љубов: Емоциите кон другата половина избледеле. Размислувате официјално да ја прекинете врската.
Здравје: Проблеми со дишните органи.
ДЕВИЦА
Работа: Сметате дека имате одлични работни идеи, но надредената личност не ги прифаќа. Се чувствувате навредено.
Љубов: Социјалниот и емотивниот живот се на минимум, поточно не постојат.
Здравје: Проблеми со циркулација.
ВАГА
Работа: Обврските ги одработувате во опуштена и работна атмосфера. Работата нормално се одвива, а финансиите се задоволувачки.
Љубов: Имате проблеми во комуникацијата со партнерот. Ви пречи неговата љубомора.
Здравје: Стабилно здравје.
ШКОРПИЈА
Работа: Полни сте со енергија и со самодоверба. Се фокусирате на работните проблеми во желба еднаш засекогаш да ги решите.
Љубов: Максимално сте посветени на саканата личност и уживате во неговата љубов.
Здравје: Можни проблеми со синусите.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ви недостасува енергија, но задоволни сте од постигнатите резултати. Проект на кој работите го водите кон крајот.
Љубов: Партнерот е напнат па избегнувате влгување во расправија со него.
Здравје: Внимавајте на храната, црниот дроб е чувствителен.
ЈАРЕЦ
Работа: Не сте претерано фокусирани на работата. Загрижени сте за финансиите. Размислувате како да дојдете до пари.
Љубов: Осамени сте, но ништо не превземате по прашање на ново познанство.
Здравје: Многу сте чувствителни.
ВОДОЛИЈА
Работа: Фокусирани сте на обврски и се трудите да ги одработите што порано. Брзи сте, прилагодливи и работите во од.
Љубов: Се сомневате во партнерот. Сметате дека нешто кри од вас, и го следите.
Здравје: Внимавајте на храната.
РИБИ
Работа: Задоволни сте од соработката со колегите. Имате впечаток дека сте дел од победнички тим кој се може.
Љубов: Партнерот има потреба да ги подели со вас своите размислувања и емоции, затоа што знае дека ќе го разберете.
Здравје: Стабилно здравје.
