До каде е законот за пензионирање на 64 години? – Шахпаска: Опозицијата го блокираше со 500 амандмани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Законското решение за задолжително пензионирање во јавниот сектор на 62 и 64 години е во собраниска процедура, но е блокиран со 400-500 амандмани, изјави министерката за труд и социјална работа, Јагода Шахпаска.

Шахпаска апелираше до пратениците од власта и опозицијата да ја надминат оваа ситуација и да овозможат процесирање на законот, особено бидејќи, како што рече таа, сите амандмани во суштина се исти и се однесуваат само на рокот кога важи законот. Инаку не му се гледа крајот ниту на законот за откупување стаж. Министерката Шахпаска не откри детали за постапката во врска со ова прашање, истакнувајќи дека рокот за стапување во сила  на овој закон кој што го имаат ветено како Влада, истекува во 2024.

Една од првите задачи што Владата ги најави во првиот мандат е измена на законот за пензионирање. Новиот закон за пензионирање предвидува задолжително пензионирање на жени на возраст од 62 години и мажи на 64 години. Со Законот нема да биде опфатен медицинскиот кадар и универзитетските професори. Законот требаше да стапи на сила на 1 јануари кога се очекуваше да се пензионираат над 10 илјади лица.