Договорот со ФРОНТЕКС и го поделија на опозицијата – „Пратениците или предавниците да седнат на место“, праша ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Договорот со Фронтекс потпишан на македонски јазик беше првото нешто за што власта и опозицијата се скараа на самиот почеток на седницата за пратенички прашања. Координаторот на СДСМ Јован Митревски им подели на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица примерок од Договорот за Фронтекс на македонски јазик. Нека читаат како гордо звучи македонскиот јазик во ЕУ, рече Митревски и ја повика опозицијата да се извини за се што кажала досега за губење на идентитетот.

-На сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе им поделиме по еден примерок од Договорот со Фронтекс на чист македонски јазик, без додавки, без ништо, чист македонски јазик рамноправен со сите европски јазици, со сите 24 јазици на Европската унија. И нека прочитаат и нека видат како гордо звучи македонскиот јазик во Европската унија и да видат дека со лаги и манипулации не се води политика, да видат дека не се дел од државничката политика, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ сепак ги нарече предавници пратениците од власта и праша на кој јазик се потпишани договорите со Европската унија досега?

-Не ве разбрав сега само пратениците или предавниците да се вратат на своите места рековте кога почнувавте со говорот. Сакам да прашам на кој јазик се потпишани сите досегашни договори помеѓу Македонија и Европската унија  поточно сите документи. Еве реторичко прашање, нормално е дека од првата спогодба за соработка помеѓу Република Македонија и Европската заедница потпишана во 1996 година па до денес се што потпишала Македонија е потпишано на македонски јазик, возврати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

А првото прашање на денешната седница за пратенички прашања го постави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ во врска со она што деновиве го зборуваше на прес конференциите за наводна афера Тајни имоти на актуелни функционери.

-Почитуван премиере зошто ги штитите функционерите кои го кријат својот имот и дали можеби и самиот криете имот стекнат преку аферата Броило. Второто прашање до претседателката на Државната изборна комисија за спречување корупција Билјана Ивановска. Колку вкупно функционери немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

-Прашање ми поставува пратеник од ВМРО-ДПМНЕ чие што седиште на политичка партија е синоним за криминал и незаконски стекнат имот врз грбот на граѓаните. Поднесовме барање до пратеникот кој што јавно зборуваше по прес конференции невистини да се извини доколку тоа не го направи нормално дека постојат закони каде што се тоа што го збореше ќе треба да го докаже на суд, одговори премиерот Димитар Ковачевски.

-Минатата година кога имаше повеќе именувања и разрешувања ние направивме една акција од период до период. И тогаш излегоа 710 функционери кои што не поднеле анкетен лист и за сите тие се покренати постапки околу 400 се завршени. Ако имате за некого вие информација слободно дојдете и дајте ја информацијата, вели претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Изминативе денови Петрушевски преку прес конференции обвини дека 123 функционери од актуелната власт не поднесе анкетни листови и имаат тајни имоти во вредност од 30 милиони евра.