Договорот за влез во завршна фаза – АА ќе земе три министерства, се бараат позиции и во УЈП, Царина и финансиска полиција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Извори од Алијансата за Албанците за ТВ21 информираат дека договорот за влез на оваа партија во Владата е во завршна фаза.

Разговорите меѓу работните групи се интензивирани и вечерва или утре се очекува да биде финализиран договорот за сите ресори во извршниот за АА.

Според истите извори, АА се очекува да го преземе Министерството за здравство, правда и уште едно министерство кое се уште не е именувано.

АА, според информациите во партијата, има намера да има претставници во Управата за јавни приходи, Царината и Финансиската полиција.