Дојава за бомба во училиште во Загреб

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Средно училиште во Загреб лоцирано на улицата Савска, добило анонимна закана за бомба.

Заканата е стигната на адресата на воспитно-образовната установа. Училиштето веднаш било евакуирано, а учениците безбедни.

„Полициски службеници веднаш се испратени на местото на настанот и ги преземаат сите неопходни дејствија“, изјавија од полицијата.

Нагласија дека учениците не се во животна опасност и побараа да не се шири паника.