Доколку се јави потреба, Инфективната клиника во Штип ќе функционира како објект за изолација. Тестирањата на сомнителни случаи ќе се вршат на Инфективните клиники во Скопје и во Куманово, а Министерството за здравство информира дека во земјава има доволно реагенси за тестирање на корона вирусот.
Се подигнува степенот на подготвеност за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирусот.
Заради новонастаната состојба со корона вирусот и проширувањето на вирусот во областите Лобардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово Министерот за здравство Венко Филипче, одржа состанок со Комисијата за заразни болести на која се констатираше дека степенот на подготвеност се подигнува на повисоко ниво.
Комисијата донесе нови, зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени, кои дополнително ќе бидат координирани на денешниот состанок со Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Министерството за внатрешни работи, закажан за 17 часот.
