Актуелниот градоначалник на Куманово и кандидат за претседател, Максим Димитриевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека на изборите влегува за да победи, а не да учествува.
„Исто како и на локалните избори, и во оваа изборна трка влегувам како аутсајдер, но влегов со мојот тим за да победам, а не да учествувам“, вели Димитриевски.
Според него, и на претходните избори го отпишувале, но ги победил сите.
