Доволно ли е само укинувањето на ДДВ? Граѓаните се жалат дека цените не се според нашиот стандард

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По укинувањето на ДДВ за цените на основните прехранбени продукти, денеска тие требаше да бидат поевтини. Сепак, граѓаните се жалат дека судејќи по стандардот во земјава, цените повторно се високи.

Поскапувањето доаѓа како резултат на војната во Украина, па поради тоа цените се зголемени и во соседните земји. Во Косово цената на литар масло „скокна“ на три и пол евра, а кутија јајца чини 4,39 евра. Косовските власти велат дека компаниите ја злоупотребиле состојбата, па затоа инспекторите изрекле неколку казни. Во Албанија пак, поскапувањето на горивата и производите од кошницата предизвика револт кај граѓаните кои протестираат веќе трет ден. Инаку, Владата на Северна Македонија го забрани извозот на некои житарки и други производи. Министерот за економија, Крешник Бектеши вчера изјави дека лебот, маслото и брашното тип-400 ќе се продаваат без профитна маржа, а ќе се намалат профитните маржи и за други прехранбени производи.