Драма: Авион итно слета во Грац поради дим во кабината, едно лице се бори за живот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авион на швајцарската авиокомпанија Свис, на лет меѓу Цирих и Букурешт, денеска мораше принудно да слета во Грац, Австрија поради чад во кабината и во пилотската кабина, соопшти авиокомпанијата.

„Длабоко сме загрижени за здравјето на членот на кабинскиот екипаж, кој со хеликоптер беше пренесен во болницата во Грац, чија состојба останува неизвесна. Останатите четворица членови на екипажот исто така се под медицински надзор“, се вели во соопштението.

Екипажот се решил итно да слета во Грац и да го евакуира авионот, по проблеми со моторот и откривање на чад во кабината.

Во моментот на слетување, аеродромот во Грац бил затворен. Во авионот имало 74 патници и пет члена на екипажот. Слетал безбедно, и сите патници биле евакуирани, а десетина од нив побарале лекарска помош.

ФОТО: Архива