Драма на бензинска станица во Србија: Украл автомобил со девојче во него, таа успеала да скокне од возилото

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српската полиција во Обреновац трага по автомобил „Фиат Пунто“ кој го украл маж од бензинска пумпа, пренесува српски Телеграф.

Во моментот на крабежот, во автомобилот имало 12-годишно девојче.

Телеграф пренесува дека 26-годишна жена управувала со автомобилот на нејзиниот татко со девојчето во него, и застанала на бензинската пумпа. Во еден момент отишла да плати за гориво, оставајќи ги клучевите и девојчето во автомобилот, а непознат маж го искористил невниманието, влегол во автомобилот и избегал. Девојката успеала да скокне од возилото.

Девојката не била повредена при овој инцидент. За случајот било информирано и обвинителството, а полицијата ги гледа надзорните камери за да го најде сторителот на ова дело.