Драма на небото над Бугарија: Авион на „Луфтханза“ принуден да се врати назад поради закана за бомба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт со крајна дестинација до Индија, го прекинал летот поради закана за бомба, и се вратил назад, потврди германската федерална полиција, пренесува ВЕЛТ.

По истрагата, Федералната полиција ја потврдила заканата со бомба во неделата вечерта за Германската новинска агенција. Тие ја добиле информацијата од одделот за корпоративна безбедност на „Луфтханза“. 

Според извештаите, авионот слета назад на аеродромот во Франкфурт околу 18:30 часот без инциденти, откако се вратил додека бил над бугарскиот воздушен простор. 

„Слетувањето во Индија не било одобрено поради закана за бомба, затоа авионот мораше да се врати“, објасни портпаролот на федералната полиција.

„Луфтханза“, исто така, потврди дека летот LH752 морал да се врати во Франкфурт.

Авионот првично требало да слета преку ноќ во Хајдерабад, Индија. Патниците морале да ја поминат ноќта во транзитната зона.