Авионот со кој американскиот државен секретар Марко Рубио требаше да пристигне во Минхен мораше да се врати во Вашингтон поради механички проблеми.
Како што јави агенцијата Ројтерс, Рубио ќе мора да отпатува во Германија, а потоа и на Блискиот Исток со друг авион, објави денеска портпаролот на Стејт департментот.
Рубио требаше да присуствува на 61. Минхенска безбедносна конференција (МСЦ), која започнува денеска и ќе трае до 16 февруари во главниот град на Баварија.
Во минхенскиот хотел Баерише Хоф, светските лидери, креатори на политики и експерти ќе се соберат за да разговараат за итни безбедносни прашања, како што се тековната војна на Русија против Украина, кризата во Газа и променливата динамика на меѓународните сојузи.
