Драма во Серија А! Прекинат натпреварот Удинезе – Рома, фудбалер колабираше на терен!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Натпреварот меѓу Удинезе и Рома во Серија А во 32. коло беше прекинат кон крајот на второто полувреме поради колабирање на играчот на Рома, Еван Ендика на теренот и лежење без свест без очигледна причина.

Итната помош веднаш излегла на теренот и се обидела да го врати на себе Ендика. Тој беше изнесен од теренот на носилка.

Фудбалерите на Рома брзо се собраа заедно да му дадат поддршка на својот соиграч. Не е јасно во каква состојба е Ендика, што ќе се знае многу брзо откако ќе се направат итните лекарски прегледи.

Со оглед на тоа што играчите на Рома не сакаа да го продолжат натпреварот додека нивниот соиграч минуваше низ животна драма, а по согласност на играчите на Удинезе, судијата Паирето реши да ја прекине играта.

Навивачите на стадионот со аплауз го поздравија Ендика додека го напушташе теренот.

Од болницата се очекуваат информации за евентуалното продолжение на натпреварот и за состојбата на фудбалерите на Рома.