Драматично и во Сан Франциско: Три полицајци повредени, 60 уапсени во текот на нередите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу 60 лица беа уапсени, а тројца полицајци беа повредени за време на немирите во Сан Франциско во неделата, соопшти полицијата.

Судири меѓу полицијата и демонстрантите поради апсењето и депортацијата на мигранти избувнаа на улиците на Лос Анџелес и други градови во Калифорнија во изминатите два дена.

Според Полициската управа на Сан Франциско, поединци станале „насилни и вклучени во кривични дела, почнувајќи од физички напади до сериозен вандализам и уништување на имот“ синоќа, што доведе до прогласување на незаконско собирање во еден дел од градот.

Полицијата додаде дека многумина од толпата ја напуштиле областа, но „неколку лица останале и продолжиле со своето незаконско однесување“, вклучително и уништување згради и полициско возило. Двајца полицајци се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, додека еден е префрлен во локална болница.