Околу 60 вработени во Управата за јавни приходи во Подрачната единица во Тетово иако се вработени како државни, работат како даночни службеници. Тие секојдневно имаат пристап до податоците на компаниите и физичките лица. Директорката на УЈП вели дека е запознаена со случајот и дека чека зелено светло од Министерството за финансии за да постапи по ова прашање.
Овие вработени земаат ниски плати, иако за работата што ја вршат треба да бидат платени повеќе.
ТВ21 поразговара со дел од вработените во УЈП во Тетово. Тие зад објективот на камерата рекоа дека вршат и работа од даночната област. Дел од нив во оваа управа работат повеќе од 5 години. Често добивале ветувања дека ќе им биде дадено решение согласно сите нивни работни обврски, но досега нивното барање не наиде на поддршка од Министерството за финансии.
