Државниот врв со честитки до Трамп – подготвени за соработка со новата американска администрација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски, му честиташе на Доналд Трамп за неговиот избор за нов претседател на САД. Изјави дека разменил неколку пораки и со лица од тимот на Трамп. Освен тоа, Мицкоски очекува да се засилат економските приоритети со САД.

Првиот човек на Собранието, Африм Гаши, исто така му честиташе на Трамп. Преку објава на социјалните мрежи Гаши покажа целосна подготвеност за продлабочување на соработката со новата американса администрација, за засилување на нашето стратешко патнерство.

„Непоколебливата посветеност на САД за безбедноста, просперитетот и евроатлантската интеграција на Северна Македонија беше и останува еден од клучните столбови на нашата надворешна политика и постојан извор на поддршка“, вели Африм Гаши.

Претседателката Гордана Силјановска Давкова во нејзината честитка пишува дека Македонија, како докажан пријател и партнер на САД ќе продолжи да ги поддржува американските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, основајќи се на потребата за правда, почитување на меѓународното право, слободите и човековото достоинство во светот.

„Уверена сум дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено и дека САД ќе помогнат во исполнувањето на македонските стратешки цели“, вели Гордана Сиљалновска Давкова.

Освен државниот врв, честитки до Трамп упатија и лидерите на политичките партии во нашата земја, меѓу нив и претседателите на партиите од ВРЕДИ, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, претседателот на ДУИ од ЕФ, Али Ахмети и други функционери и службеници на РСМ.