До раните утрински часови владиниот кабинет работел за носење на финалниот текст за Законот за Јавно обвинителство. ТВ21 од владини извори дознава дека имало дебата меѓу коалиционите партнери СДСМ и ДУИ, а интегративците имале неколку барања.
- Се во Законот за ЈО да биде согласно Законот за јазиците,
- Критериум за избор на главните обвинители да не биде 15 години работно искуство туку 10 годни, со што ќе се овозможи исполнување на овој критериум од албанскиот кадар,
- Обвинителите да се избираат со двојно мнозинство во Советот на обвинители.
За ова се договориле владините партнери ДУИ и СДСМ но владините служби во Собранието испратиле погрешна верзија, откриваат извори на ТВ21.
Станува збор за пропуст во член кој се однесува на изборот на обвинители, за што ДУИ бараше да се прави со Бадентероов мнозинство, а не да се остави да се толкува како било.
Извори од ДУИ за ТВ21 велат дека нема да гласаат за законот доколку оваа грешка не се коригира.
Ова појаснува и зошто во текот на претпладнето пратеникот на ДУИ Артан Груби зборувал со сомнеж за донесениот текст во Собрание.
Потоа и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека за неговата партија е прифатлив законот за кој се договориле странките вчера во Влада, а не некој друг закон.
„Јас знам за договорениот закон, но за Законот кој претрпел промени според волјата на другите немам никаква идеја бидејќи сум на средбата и пред средбата ме известија дека договорениот закон не е претставен во Собрание“, истакна Али АХмети.
Прашањето за техничките грешки го остави творено и пратеникот Јован Митрески од СДСМ.
ТВ21 дознава дека Премиерот веќе ги преземал потребните чекори за корекција на делот со кој не се согласува ДУИ и за кој бара да се смени.
